578
Пожарот, кој го опустоши португалскиот национален парк Сера да Естрела и избувна на 6 август, повторно се разгоре вчера, поради што се евакуирани неколку села.
Чадот од огромниот шумски пожар во централниот дел на Португалија ги покри облакодерите „Четири кули“ во Мадрид на 400 километри оддалеченост, а жителите на шпанската престолнина се пожалиле на силна смрдеа.
Повеќе од 1.100 пожарникари со поддршка на 13 авиони се борат со пожарот, кој веќе зафати повеќе од 17.000 хектари.