4
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова информира дека утрово се слушнала со Радмила Шекеринска и договориле средба за во петок, за да може лично да и честита за изборот за заменик-генерал на НАТО.
-Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО.
На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот.
Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата, вели претседателката.