73
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска присуствуваше на отворањето на Самитот за мир во Украина, што се одржува во Бургеншток, на езерото Луцерн во Швајцарија.
Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова, утре – 16 јуни 2024 година да има свое обраќање на самитот.
Собирот во Швајцарија на кој присуствуваат 100 делегации од целиот свет има цел да воспостави форум за дијалог на високо ниво за начините за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир за Украина во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН.