Сиљановска: Потребен е модерен закон за поголеми помилувања

by Фокус

Потребен ни е модерен закон за помилување во кој ќе бидат опфатени забелешките од Советот на Европа, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која за оваа тема деновиве разговарала и со министерот за правда Филков.

Таа вели дека како претседателка не може да биде предлагач, но оценува дека треба да се земат предвид препораките за зголемување на периодот на помилување кој сега е три месеци, преиспитување на казнената политика, но и евентуални помилувања за доживотно осудените кои се во одминати години.

-Кога човек ќе чуе помилување, мисли дека некој е целосно е ослободен. Овие помилувања се однесуваат на три месеци и еве изјавувам пред јавноста дека една од основните забелешки на нашиот систем на помилувања е многу кусиот период што го овозможуваме.

Нема систем, нам ни треба модерен Закон за помилување во кој што суштината ќе биде луѓето затвореници оти помилувањето не е квази-санкција туку разбирање и отворање на пат за еден друг живот – изјави Сиљановска Давкова.

Поврзани новости