Сиљановска посети дел од повредените: Не можам да сфатам како е можно ова да се случи

by Fokus

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова посети дел од повредените кои се лекуваат во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

„Знам дека се тоа млади, храбри луѓе. Верувам дека повеќето од нив ќе се спасат, лекарите се тука… Не можам да сфатам како е можно ова да се случи“, рече претседателката.

Таа рече дека лекарите се стручни и подготвени да се соочат со големиот предизвик.

Претседателката рече и дека понуди за помош пристигнале од Воено-медицинската академија во Белград, како и од Бугарија и други земји од регионот.

Поврзани новости