95
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова вчера се најде во непријатна ситуација на своето прво меѓународно учество на одбележувањето на ликот и делото на словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
Мораше да постави венец, но бидејќи не го признава уставното име Северна Македонија, на венецот нема име на држава, туку пишува „Претеседател Гордана Сиљановска – Давкова“.
Претседателката Сиљановска Давкова ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде положи венец на спомен – плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј, соопштија од кабинетот на претседателката.