515
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова попладнево на социјалните мрежи објави фотографија од средба со американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил на приемот за шефови на држави.
Во објавата на Фејсбук, покрај фотографијата, на која Бајден ја држи за рака македонската претседателката, Сиљановска-Давкова напиша:
„Срдечен поздрав во знак на меѓусебно разбирање и поддршка. Изразив восхит од инспиративните обраќања на претседателот Бајден и неговата сопруга Џил на приемот за шефови на држави“.
Сиљановска во Њујорк ја предводи македонската делегација на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации.