Сиљановска Давкова: Жените мора да внимаваат на зборовите и не е лошо човек да се извини

by Fokus

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера во Велес рече дека директно не ја слушнала полемиката за потрошувачката кошничка во македонското Собрание помеѓу министерката Гордана Димитриеска Кочоска и пратеничката Славјанка Петровска, туку ја гледала подоцна.

Сепак ставот на македонската претседателка е дека пратениците и пратеничките во Собранието мора да ги одмеруваат зборовите со кои меѓусебно се обраќаат и дека не е лошо да има извинување.

- Advertisements -

За телефонскиот разговор со претседателот на Бугарија, рече дека со Радев ќе се сретнат во Бугарија. Сиљановска Давкова порача дека е поканета и ќе присуствува каде што се надева дека ќе се разговара со бугарскиот колега и за македонско-бугарскиот проблем.

Поврзани новости