Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова вечерва во емисија на тв21 ја коментираше одлуката на Уставниот суд за укинување на „балансерот“.
Според неа, Уставен требаше многу порано да ја донесе оваа одлука.
„Сите ги упатувам најпрво, бидејќи се повикуваат на изворот – Охридскиот Рамковниот договор уште еднаш да го препрочитаат. Таму јасно пишува дека кога зборуваме за администрација и вработување првиот критериум е стручност и компетентност, и велат дека покрај нив, треба да се почитува и основното начело на правичност и соодветна застапеност“, вели Сиљановска Давкова.
Таа додава и дека самиот збор балансер е спорен.
„Терминот балансер ми е спорен, и инструментот. Што балансирате? Ако балансирате и стручност и компетентност и правична застапеност, тоа е во ред“ – вели Сиљановска Давкова.