52
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Берлин се сретнала со претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо, меѓутоа во соопштението од средбата беше објавено дека се сретнала со Барбара Рамбусек, директорка за родова и економска инклузија во Европската банка за обнова и развој.
На фотографиите од средбата, сепак, може да се види претседателката Сиљановска Давкова со Рено-Басо, како неформално разговараат на маргините на Конференцијата за обнова на Украина.
Како што пишува во соопштението соговорничките зборувале за исклучителната важност на посветената реализација на проектите на ЕБОР во земјава, фокусирани на континуиран развој на социо-економските процеси во македонското општество, во согласност со нашата европска стратешка определба.