87
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими претставници на организацискиот одбор на Парадата на гордоста 2024.
Претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за нивните досегашни активности, како и за идните планови кои имаат за цел подигнување на јавната свест за почитување на различностите, а во контекст на остварување на основните човекови права.
На средбата беше посочена неопходноста за градење на инклузивно општество, заштита на маргинализираните заедници, како и предизвиците со кои се соочуваат и беше нагласена потребата од ефективна примена на законите во делот на заштита од дискриминација.