Сиљановска-Давкова: Обвинителите да постапат по допрен глас за случаите со Груби и Беџети

by Fokus

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова смета дека лицата што се нашле на црната листа на САД не треба да продолжат со редовни активности.

Таа рече дека ако јавните обвинители постапуваат по допрен глас, тогаш треба да постапуваат и по случајот со црната листа, бидејќи со тоа САД испратиле јасна порака, а во случајот тоа е поткрепено со факти и докази.

„Во меѓународното право и во меѓусебните односи постојат начини да се дојде до тие докази и да се почне постапка тука бидејќи во спротивно ние не рагираме кога мора да реагираме и со тоа го толелираме беззаконието. Очекувам судот, т.е. јавниот обвинител да почне да постапува“, изјави претседателката.

Загрижувачки, според Сиљановска е тоа што на листата на САД се најде и името на судија, бидејќи, како што рече, судот треба да биде синоним за почитување на правото и правдата.

„Чинам дека неправдата и владеењето на присилни луѓе ги направиле сите институции слаби и во тој случај потребни се во духот на оценската мисија итни чекори и реформи во сите органи“, рече Давкова.

Според претседателката најголем дел од вината е во двата најважни органа – Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, кои треба да бидат чуварот и филтерот на независноста на судството.

За одлучувањето на Уставниот суд за Законот на јазиците, Сиљановска вели дека нивните одлуки се конечни и лидерите на партиите и политичарите треба да се воздржат од коментари.

Поврзани новости