Сиљановска-Давкова: Нема никаков проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците

by Fokus

Нема проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на средбата со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.

„Околу уставните измени за кои многу се зборува веднаш ќе кажам никаков проблем нема во преамбулата да се внесат и Црногорците. Никој не негираа и сите ние помниме дека сме биле повеќе од 50 години заедно во добро и во зло. Но, она што важи за уставните измени уште еднаш ќе го реафирмирам. После многу lose-win состојби во кои дури и името го сменивме – непознат феномен, не само меѓу луѓето, туку и меѓу државите, ние повторно значи сме соочени сега на барање на Европската Унија да посегнеме по нови уставни измени“, вели претседателката.

Претседателката денеска ја коментираше изјавата на новоизбраната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која вчера кажа дека очекува Македонија да направи уставни измени.

Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот и тоа е услов земјава да ги почне преговорите со Европската Унија.

Поврзани новости