49
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека новиот претседателски мандат на Доналд Трамп во Белата куќа ќе обезбеди воспоставување, како што рече, „нов светски поредок“ на глобален мир и стабилност.
Во интервју за американскиот портал Breitbart News, Сијарто оцени дека на светот му е потребен Трамп за да победи на претстојните претседателски избори во САД, бидејќи, како што наведе, „само силен американски лидер може да понуди стабилност и безбедност на меѓународниот поредок“.
Сијарто тврди дека војната во Украина не може да се реши на бојното поле и дека Трамп може да посредува за постигнување мир меѓу Москва и Киев.