3
Унгарија е загрижена поради „сериозните безбедносни предизвици“ во Германија, кои за жал беа многубројни во последно време, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, коментирајќи го нападот со автомобил во четвртокот во Минхен, во кој беа повредени 36 лица.
Сијарто изјави дека силна и стабилна Германија е во интерес на Унгарија, нагласувајќи дека колку е подобра германската економија, толку подобри ќе бидат изгледите за економски раст на Унгарија, соопшти унгарското Министерство за надворешни работи, пренесе МТИ.