Сијарто: Одмазда за Унгарија поради поддршката на Трамп

by Fokus

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто денеска ја критикуваше одлуката на Вашингтон за воведување санкции на шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан – Антал Роган, поради сомневање дека е вмешан во корупција во Унгарија.

Во објава на Фејсбук оцени дека тоа е „лична одмазда“ на американскиот амбасадор во Унгарија во заминување, како и на американската администрација во заминување, бидејќи унгарската влада го поддржа републиканецот Доналд Трамп на ноемвриските избори, пишува унгарски „Индекс“.

– Заминувањето (на актуелниот американски амбасадор) од овде без достоинство е лична одмазда кон Антал Роган. Колку е одлично што за неколку дена на чело на САД ќе имаме луѓе кои ја сметаат нашата земја за пријател, а не за непријател – заклучи Сијарто.

Американското Министерство за финансии го обвини Роган дека ја користи својата позиција за да обезбеди финансиски придобивки за себе и за неговите политички сојузници, соопшти Стејт департментот.

Роган е близок сојузник на Виктор Орбан и моментално ја надгледува унгарската тајна служба.

Поврзани новости