303
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја обвини Европската комисија за „антиунгаризам“ и двојни стандарди, поради нејзината намера да го блокира доделувањето средства на унгарските универзитети во рамките на програмата за размена на студенти Еразмус.
По средбата со турскиот министер за национално образование, Махмут Озер, Сијарто рече дека постапките на Брисел се неприфатливи и неосновани.
– Мислам дека ова е ужасен показател за двојни стандарди, рече Сијарто.
Тој ги обвини европските претставници дека покажуваат „нови симптоми на унгарофобија“.
На 10 јануари, Европската комисија одлучи да го прекине финансирањето во рамките на програмите Еразмус и Хоризонт за 21 унгарски универзитет управувани од фондации поврзани со владата.