Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска по средбата со Милорад Додик изјави дека Унгарија од 1 јули ќе го преземе претседавањето со Советот на ЕУ.
Според Сијарто, ЕУ може да се добие нова свежина и енергија од Западен Балкан.
„Една од главните цели на унгарското претседателство е да се забрза интеграцијата во ЕУ на земјите од Западен Балкан, бидејќи сметаме дека тоа ќе донесе мир и стабилност и во овој регион. Сите што го забавуваат евроинтегративниот процес на Западен Балкан одат против земјите од Западен Балкан и ЕУ, а има членки во ЕУ кои јавно го поддржуваат проширувањето и кога ќе се сретнеме во затворен круг, тие кажуваат нешто целосно различно“, рече тој.
Шефот на унгарската дипломатија повтори дека неговата земја е против политиката на санкции.