Сијарто: И Уангарија го преиспитува своето учество во Meѓународниот кривичен суд

by Fokus

Унгарија исто така го разгледува своето идно учество во Меѓународниот кривичен суд (МКС), изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Мојот израелски колега Гидеон Сар и јас разговаравме за можностите и плановите за решавање на конфликтот на Блискиот Исток“, напиша Сијарто на Фејсбук по телефонскиот разговор со неговиот израелски колега Гидеон Сар, пренесе МТИ.

Тој нагласи дека го уверил својот колега за поддршката на Унгарија за секој предлог што може да создаде долгорочен мир и стабилност на Блискиот Исток.

„Се согласуваме дека активностите на Меѓународниот кривичен суд се сериозно политизирани и дека МКС го дискредитираше меѓународниот правосуден систем, па го информирав дека и Унгарија го преиспитува своето идно учество во таа организација“, додаде Сијарто.

МКС издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот шеф на одбраната Јоав Галант, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Обвинителот на МКС ги истражува и нападите предводени од Хамас од 7 октомври 2023 година, во кои загинаа 1.200 луѓе, според израелските податоци.

Обвинителите бараа налози за апсење на тројца водачи на Хамас за злосторствата, но сите беа убиени во изминатите 16 месеци од војната во Газа, според Израел и Хамас.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг (МКС) е основан во 2002 година и има 125 земји-членки.

Сепак, постојат неколку земји кои не се членки на овој суд, вклучувајќи ги САД, Русија, Кина, Индија, Турција, Израел и ОАЕ.

Поврзани новости