Сигурен сум и ве уверувам дека ќе има подобро утре“: Ковачевски со честитка за новогодишните празници

by Fokus

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните за новогодишните празници.

„Често велам дека нашата предност, наша најголема вредност и најсилна страна се луѓето, нашите граѓани. Затоа што имаме капацитет, имаме знаење, имаме волја да ги направиме следните чекори. Да продолжиме и понатаму да го подобруваме животот на граѓаните.

Да го направиме и она што е најважно – да ги задржиме младите дома. Да ги вратиме тие што заминале, затоа што европскиот пат на кој сме тргнати, е започнат, и не застанува. Мора да гледаме напред, мора да се движиме напред. Токму европскиот пат ќе донесе развој и подобро утре“, вели Ковачевски во обраќањето.

Поврзани новости