Специјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи за руско-американски хуманитарни односи – Стивен Сигал денеска изјави дека е подготвен да се бори на страната на Русија во Украина и дека доколку е потребно, ќе умре за својот претседател Владимир Путин.
„Денот по почетокот на специјалната воена операција во Украина, напишав писмо и се уверив дека најверојатно ќе стигне до претседателот Путин. А во писмото му напишав дека сега ќе видиме кои се нашите вистински сонародници и пријатели , а кои се нашите непријатели јас ќе бидам на страната на мојот претседател и ќе се борам на страната на мојот претседател“, рече Сигал во својот документарен филм „Во име на правдата“, објавен на платформата „Smotrim.ru“.
Сигал изрази верба во победата на Русија во Украина и додаде дека верува оти главната сила на Руската Федерација е во вистината.
„Себеси се сметам за Русин, моите предци биле од Русија… Верувам дека Господ е на наша страна. Затоа ќе победиме. Се разбира, ги имаме најдобрите војници, оружје и воени лидери, но на крајот од ден нашата главна сила е што сме во вистинскиот“, нагласи Сигал.
Тој оцени дека ставовите на рускиот претседател во врска со проширувањето на НАТО се „апсолутно точни“, истакнувајќи дека Западот долго време развива такви планови и создава предуслови за испраќање свои специјални сили во Украина и обука на националисти.