Сиднеј во карантин до септември

by fokus

Во Сиднеј, карантинот е продолжен до септември, а од денеска во сила се построги мерки за контрола заразата, вклучувајќи полициски час од понеделник и задолжително носење маски на отворено.

Државата Нов Јужен Велс, чиј главен град е Сиднеј, објави 642 локално преносливи инфекции во последните 24 часа, наведувајќи дека е четврти последователен ден кога бројот на заразени надминува 600.

Сиднеј е во карантин од крајот на јуни, откако беше регистриран првиот случај на инфекција со многу заразен вид делта. Оттогаш, 65 луѓе починаа од коронавирус во Нов Јужен Велс.

Карантинот во Сиднеј требаше да заврши на 28 август, но Владата објави дека ќе го продолжи до 30 септември.

Полицискиот час се воведува од понеделник и ќе трае од 21 часот до 5 часот наутро, а ќе важи за предградијата на Сиднеј, каде има најмногу заразени лица.

Маските ќе бидат задолжителни насекаде на отворено.

Поврзани новости