инескиот претседател Си Џинпинг во снименото видео обраќање на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург рече дека соработката меѓу Кина и Русија покажува добар моментум.
Претседателот на Кина истакна дека има целосна доверба во кондицијата на кинеската економија. – Кина е подготвена да соработува со Русија и сите други земји за да ги истражи изгледите за развој, да ги сподели можностите за раст и да даде нов придонес за продлабочување на соработката за глобален развој и градење заедница со заедничка иднина за човештвото, додаде Си.
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека блиските односи на Русија со Кина не се поврзани со геополитички настани.
– Руската соработка со Пекинг се води од потенцијалот на Кина, а не од неодамнешните геополитички настани, појасни Путин по обраќањето на Си Џинпинг.
Во своето обраќање, Си посочи дека светот се соочува со големи промени и пандемија од невидени размери во текот на еден век, економската глобализација се соочува со спротивставени ветришта и дека има невидени предизвици за спроведувањето на Агендата на ОН за одржлив развој до 2030 година.
– Во време кога меѓународната заедница е толку заинтересирана за постигнување поправеден, одржлив и безбеден развој, треба да ги искористиме можностите, да се соочиме со предизвиците директно и да работиме на имплементација на Иницијативата за глобален развој за да изградиме заедничка иднина на мир и просперитет, истакна Си, пренесува Синхуа.
Си истакна дека основите на кинеската економија – нејзината силна отпорност, огромниот потенцијал и долгорочната одржливост – остануваат непроменети. – Имаме целосна доверба во економскиот развој на Кина. Кина ќе продолжи да промовира висококвалитетен развој, да го прошири отворањето на земјата со поставени високи стандарди, рече тој.