Кинескиот претседател Си Џинпинг, во својот говор на отворениот Конгрес на кинеската Комунистичка партија, денес изјави дека кинескиот народ треба да одлучи за тајванското прашање. Според него, Кина никогаш нема да се откаже од правото на употреба на сила. Сепак, тој нагласи дека ќе се залага за мирно решение на проблемот.
-Пекинг отсекогаш го почитувал, се грижел и работел за благосостојбата на тајванскиот народ и бил посветен на развојот на економската и културната размена преку Тајванскиот теснец. Тајванското прашање е наше внатрешно прашање и зависи од кинескиот народ. Бараме мирно обединување, но никогаш нема да ветиме дека ќе се откажеме од употребата на сила. Нема да дозволиме мешање на странска сила и дејствија на многу мал дел од населението кои се за независност на Тајван, спротивно на мислењето на мнозинството од народот на Тајван – рече Си.
Зборувајќи за Хонг Конг, Си кажа дека Кина „мора да го охрабри Хонг Конг, со кој управуваат патриоти“ и додаде дека „Кина ќе го поддржи Хонг Конг во обединувањето со главната територија“. Тој посочи дека „една земја, два системи“ е најдобриот модел за Хонг Конг и дека „на тоа мора да се работи на долг рок“.
Претседателот Си ги даде овие забелешки од Големата сала на народот во Пекинг каде се одржува 20. Национален конгрес на кинеската Комунистичка партија (ККП), на кој присуствуваат водечки кинески владини претставници и околу 2.300 делегати. На конгресот, тој нагласи дека КПК постигнала историски достигнувања и промени во изиминатите 10 години.
-Во изминатата деценија кинескиот БДП од 54 порасна на 114 трилиони јуани (околу 16 милијарди долари), и сочинува 18,5 отсто од светскиот БДП, што претставува раст од 7,2 отсто. Кина е сè уште втора по големина економија во светот, а БДП по глава на жител се зголеми од 39.800 јуани (5.500 долари) на 81.000 јуани (11.300 долари) – итакна Си, истакнувајќи дека Кина го држи првото место во светот во производството на жито.