Италијанскиот суд ги осуди родителите на доживотен затвор за убиство на нивната ќерка тинејџерка, откако таа одбила да отпатува во Пакистан, за договорен брак.
Таканареченото „убиство за чест“ на 18-годишната Саман Абас, кој исчезна во април 2021 година, ја шокираше Италија.
Нејзиниот татко Шабар Абас е осуден пред судот во градот Реџо Емилија заедно со мајката на убиената, која е во бегство.
Вујкото на девојчето е осуден на 14 години затвор, а двајца братучеди се ослободени.
Ова е првостепена пресуда и можна е жалба на пресудата. Таткото плачеше на суд, тврдејќи дека е невин.
– Ова не е крајот, а јас сакам да знам кој ја убил мојата ќерка – рече тој на суд.
Шабар Абас беше екстрадиран во Италија во август за да му се суди, откако беше уапсен во неговото село во источен Пакистан за убиството. Се верува дека неговата сопруга се крие во Пакистан.
Посмртните останки на Саман Абас беа пронајдени недалеку од нивниот семеен дом во Новелара во ноември 2022 година, околу 18 месеци откако таа исчезна. Таа беше идентификувана по забите.