508
62-годишен жител на гостиварското село Дебреше се самоповредил додека го подачкувал својот пиштол вчера попладне. Незнајеќи дека има куршум тој несакајќи си испукал куршум во левата дланка.
„Вчера околу 15 часот било пријавено дека во село Дебреше-гостиварско, Г.Б. (62) од истото село, подмачкувајќи го пиштолот (кој го поседувал без одобрение), без да забележи дека во цевката има куршум, испукал еден куршум со кој си нанел повреди во пределот на шаката од левата рака. На Г.Б. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Гостивар. Се работи на расчистување на случајот“, велат од полицијата.