Кинескиот претседател Си Џинпинг и индискиот премиер Нарендра Моди денеска се согласија дека Кина и Индија, како најнаселени земји во светот и клучни членки на Глобалниот југ, имаат „значајни одговорности“ во меѓународното опкружување одбележано со „турбуленции и промени“, при што упатија порака дека разликите меѓу двете земји не треба да прераснат во спорови.
Си и Моди се сретнаа на маргините на самитот на БРИКС во Њу Делхи, а меѓу главните теми на разговор беа трговијата, инвестициите, долготрајниот граничен спор и нормализацијата на односите.
„Иако нашите земји имаат различни национални околности, постои голем простор да учиме едни од други, да си даваме меѓусебна поддршка, да постигнеме заеднички успех и да се стремиме кон заеднички развој“, изјави Си, според весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ (SCMP).