Си ги пресекол вените, се сомневал дека има рак, ама на лекар никогаш не отишол – симптомите ги нашол на Гугл

by Fokus

На Гугл ги барал неговите симптоми, но сето тоа можело да го чини живот.

Резултатот што го „изгуглал“ покажал дека има „рак на дебелото црево“, што го натерало да се обиде да се самоубие.

Маж од Ботошани, Романија, сакал да стави крај на својот живот откако „доктор Гугл“ му „дијагностицирал“ рак на дебелото црево. Како што пренесува порталот „Либертатеа“, тој ги пресекол вените на левата рака, но за среќа сопругата навреме го пронашла. Без губење време повикала брза помош и му го спасила животот.

Тој се обидел да си го одземе животот пресекувајќи си ги вените во саботата откако оставил порака на телефонот на сопругата. Се започнало откако имал проблеми со дебелото црево и си дијагностицирал рак на дебелото црево откако прочитал за симптомите на интернет.

На телефонот на сопругата и оставил порака во која и рекол дека е добра жена и бара од неа да му прости. Неговата сопруга истрчала и го нашла во локва крв. Во таа прилика веднаш повикала брза помош.

Портпаролот на окружната итна болница Мавромати во Ботошани, Џоан Асафтеи, во вторникот изјави дека пациентот не е во медицинската евиденција на ниту еден онколог.

„Се појави пациент кој не е пријавен во онколошка ординација. Тоа беше повеќе депресивна позадина“, изјави тој.

Според информациите, мажот сега е во болница каде се опоравува.

 

Поврзани новости