„Си-ен-ен“ објави сторија за гестот на Пендаровски со Ембла

by Фокус

Посетата на претседателот Стево Пендаровски на домот на девојчето Ембла во Гостивар и средбата со нејзиното семејство денеска се најде и на страниците на глобалната мрежа „Си-ен-ен“.

Во прилогот се пренесува дека претседателот на државата го испратил 11-годишното девојче со даунов синдром на училиште, откако беше објавена приказната дека Ембла била дискриминирано во училиштето.

Инаку, Ембла со задоцнување го почна второто полугодие од учебната година поради бојкот на родители на нејзини соученици, што минатата недела предизвика бурни реакции во јавноста и од надлежните институции.

Поврзани новости