Си-Ен-Ен објави: Американците го шпионирале Зеленски

by fokus

Американски Си-Ен-Ен објави дека има пристап до 53 документи протечени од Пентагон, кои се чини дека се создадени во периодот од средината на февруари до почетокот на март, а во кои, меѓу другото, се наведува дека САД го шпионирале претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

– Тоа не е чудно – изјави извор близок до Зеленски.

Сепак, Си-Ен-Ен објави дека украинските власти се длабоко фрустрирани од протекувањето.

Во извештајот на американското разузнавање се вели дека на крајот на февруари Зеленски „предложил напад на руски локации во руската област Ростов“ со помош на беспилотни летала, бидејќи Украина нема оружје со долг дострел способно да испорача толку многу.

Разузнавачките информации би можеле да го оправдаат ставот на Вашингтон, кој не сака да и даде на Украина ракетни системи со долг дострел, поради стравот дека Киев би можел да ги искористи за напад на руска територија, но Украинците ветија дека нема да го сторат тоа.

Минатата недела во јавноста протекоа податоци од разузнавањето на Пентагон, каде, според странските медиуми, може да се види дека САД ги шпионирале, не само спротивставените земји, туку и сојузниците.

Поврзани новости