Си-Ен-Ен: Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Русија е многу поголем од официјалните податоци

by fokus

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен објави видео снимка од пренатрупана болници во Русија, истакнувајќи дека најверојатно бројот на смртни случаи во Русија е многи поголем отколку што покажуваат официјалните податоци.

Си-Ен-Ен објави видео снимка, што ја добила од руски лекар во средината на октомври од болница во Уљановск, град околу 700 километри источно од Москва.

На снимката се гледаат беживотни тела на носила, а само на неколку метри пациенти со Ковид-19 се борат за живот.

– Вака изгледаат нашите ноќи, застрашувалки, се слуша мшки глас на видео снимката.

Си-Ен-Ен тврди дека добила повеќе такви снимки.

Американската телевизија доби и пристап до привремената болница со 1.300 кревети во Москва, која е поставена на лизгалиштето за светското првенство. Но во болницата наречена Ледена палата, се е уредно и се е во ред.

Поврзани новости