Си Џинпинг по шест години во САД, Бајден срдечно му посака добредојде

by fokus

Американскиот претседател Џо Бајден го пречека својот кинески колега Си Џинпинг, кој ќе присуствува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Калифорнија, во историска посета на САД.

Двајцата срдечно се поздравија пред историската вила Филоли, јужно од Сан Франциско, каде што се водат четиричасовните разговори.

Пред почетокот на состанокот, Бајден рече дека е од суштинско значење тој и неговиот кинески колега да имаат вистинско разбирање едни за други.

„Мислам дека најважно е јас и Вие јасно да се разбираме како лидер со лидер, без недоразбирања или погрешна комуникација, му рекол Бајден на Си, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој посочи дека фактот што САД и Кина се конкуренти не може да се претвори во конфликт и додал дека неговите претходни средби со Си биле „чесни, директни и корисни“.

Во своите воведни зборови, и американскиот и кинескиот претседател потсетија на долгите врски што ги имале додека двајцата беа потпретседатели.

„Ние се познаваме долго време“, му рекол Бајден на Си, додавајќи дека иако тие „често не се согласуваат“, нивните состаноци отсекогаш биле „чесни, директни и корисни“.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, исто така, ја истакна важноста на соработката пред неговиот состанок со Бајден и форумот за Азиско-пацифичка економска соработка (APEC) во Сан Франциско, пренесува CNN.

Си се осврнал на „сериозните проблеми“ кои постојат во светската економија од последната средба на двајцата лидери пред една година на Бали.

„Светот излезе од пандемијата на Ковид, но сè уште е под нејзините огромни влијанија. Глобалната економија закрепнува, но нејзиниот моментум останува бавен“, рече Кси.

Си ги нарече односите меѓу САД и Кина „најважните билатерални односи во светот“. Кинескиот лидер рече дека односите „треба да се развиваат на начин што ќе им користи на народите на САД и Кина и ќе ја исполни одговорноста што овие земји ја имаат за напредокот на човештвото“.

Тој, исто така, истакнал дека историските односи меѓу САД и Кина „никогаш не биле мазни“.

„Сепак, тие продолжуваат да одат напред во услови на пресврти. За две големи земји како Кина и САД, вртењето грб една на друга не е опција. Нереално е едната страна да ја промени другата, а конфликтот и конфронтацијата имаат неподносливи последици за двете страни“, рече тој.

Поврзани новости