Адвокатот Љупчо Шврговски, во својот завршен збор за случајот „Титаник 2“, истакна дека СЈО не е надлежно обвинителство да постапува по овој предмет, повикувајќи се на начелното правно мислење на Врховниот суд.
-По истекот на 18 те месеци од преземањето ма материјалите, СЈО не е овластен тужител. Материјалите за овој предмет се земени на 4 декември 2015 година, а обвинението е поднесено на 29 јуни 2017 година, или по 25 дена од истекот на рокот, истакна адвокатот Шврговски.
Тој на судот му предложи да донесе ослободителна пресуда, бидејќи обвинителството не докажало дека Сашо Мијалков го сторил кривичното дело или да донесе одбивателна пресуда бидејќи СЈО не е овластен тужител.
Предметот „Титаник 2“ се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.