869
Поранешниот државен обивнител Љупчо Шврговски влегува како бранител во неколку предмети на СЈО – „Таргет“, „Тврдина“, „Трезор“ и „Тортура“, како адвокат на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, потврди Шврговски за Телма.
Според информации на Телма, одбраната на обвинетите од СЈО ќе се збогатува и со други познати адвокатски имиња но, за сега никој официјално не ги потврдува информациите дали Никола Додевски кој досега ги застапуваше речиси сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема да биде нивен бранител во предметите на СЈО.