479
Љупчо Шврговски, поранешниот јавен обвинител, сега адвокат на Сашо Мијалков, екс директорот на УБК, тврди дека влегол да го брани Мијалков кој е осомничен во неколку предмети на СЈО бидејќи не е убеден дека УБК прислушувала, објавува Сведок.
На забелешката на Сведок дека Шврговски не може да биде адвокат во случајот „Таргет“ бидејќи и тој бил прислушуван до 2013 година додека беше на функцијата, екс обвинителот вели:
-Не се чувствувам оштетен од прислушувањето и не верувам дека УБК била таа која прислушувала. Затоа и се нафатив да бидам адвокат- вели Шврговски за Сведок.