Навивачката група Шверцери Скопје се вклучуваат во потрагата по Аниса и Мелиса, девојчиња на возраст од 12 и 15 години по кои втор ден се трага.
„Ги повикуваме нашите членови од секое маало, од секоја подгрупа, од 21:30 до 22:00 часот, ве очекуваме да се сретнеме на плоштадот Скендербеу, а од тука ќе излеземе во потрага по нашите сестри. Ни треба помош од сите! Аниса и Мелиса се наши ќерки и сестри!“, посочуваат од таму.
Двата случаи вчера ги пријавиле татковците на девојчињата. Според информациите од МВР, 15-годишното девојче досега повеќепати го напуштала домот и била враќана назад.
– На 30.03.2023 во Полициска станица Бит Пазар во 20.30 часот Е.А.(38) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка А.А.(12), а околу 22.00 часот Ѓ.О.(39) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка М.К.(15). М.К. и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата – соопшти МВР.
070 262 871