„Шверцери“ и роднини на осудените за убиството на Саздовски на протест бараат преквалификација на делото

by fokus

Навивачката група „Шверцери“ и роднини на осудените за убиството на Никола Саздовски кој беше претепан до смрт во 2018 година, денеска излегоа на протест пред Кривичниот суд и побараа преиспитување на судската пресуда и преквалификација на делото од свирепо убиство во насилство кое резултира со смрт.

-Пред две и пол години осудените не размислувајќи добро го нападнале покојниот Никола Саздовски и никој не го негира ова. Осудените не сакаа да му го одземат животот, целта беше само физички напад, а кој заврши со случајна смрт. Се случи спонтано, без претходно планирање. Така што, осудените не сакале да му го одземат животот. Тие никогаш не размислувале за убиство уште помалку свирепо убиство, рекоа дел од демонстрантите.

Семејството на Саздовски пак и претставниви на навивачката група „Комити“, поднесоа жалба до Јавното обвинителство поради намалувањето на казните на осудените, од 19 на 16 години затвор. За свирепо убиството на Саздовски беа осудени Бесир Беља и Скендер Демири на затворска казна од 19 години.

Поврзани новости