Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски стана нов играч на Јувентус

by Фокус

Шведскиот државјанин со македонско потекло, Дејан Кулушевски, утринава успешно ги мина медицинските прегледи во Јувентус и стави потпис на договор со трофејниот фудбалски клуб од Торино до јуни 2024 година.

До крајот на сезоната тој ќе остане да игра за Парма, каде впрочем игра како позајмен фудбалер на Аталанта, која ќе биде најголем добитник од овој трансфер во вредност од 35 милиони евра, кој со бонуси може да достне до сумата од 45 милиони евра.

Инаку, Кулушевски играше за некои младински категории на Македонија, но на крајот ја избра Шведска.

Поврзани новости