576
Шведскиот премиер Стефан Ловен изјави денеска дека е во самоизолација откако дознал дека негов близок бил во контакт со друго лице кое е заразено со коронавирус.
Тој изјави дека неговиот близок, чиј идентитет не се открива, е негативен на коронавирус, меѓутоа докторите му советувале заедно со сопругата да се самоизолираат.
– Работам од дома. Се чувствувам добро и немам симптоми, напиша Ловен на својот фејсбук-профил, додавајќи дека тој и сопругата веднаш ќе се тестираат на Ковид-19.