Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен денеска изјави дека експертите кои за време на првиот бран од пандемијата, кои се залагале да не се воведуваат рестриктивни мерки, ја потцениле виталноста на Ковид-19.
– Мислам дека многумина не видоа каков бран се надвива над нас, истакна Лофвен во интервју за шведскиот дневен весник Афтенпостен.
Шведската агенција за статистика соопшти дека во ноември се евидентирани вкупно 8.088 смртни случаи, што е најголема смртност во Шведска од првата година од пандемијата на Шпанскиот грип, кога се евидентирани над 16.000 починати.
Во Шведска до денеска се забележани 320.098 инфицирани лица и 7.514 починати од последици на Ковид-19. Бројот на смртни случаи во Шведска е значително поголем во споредба со другите скандинавски држави