Шведски фудбалски репрезентативец е во кома – го нападна непозната болест

by Fokus

По една недела молк за здравствената состојба на фудбалскиот репрезентативец на Шведска – Кристофер Олсон, денеска со соопштение се огласија неговиот клуб, дански Мидтјиланд. Откриваат дека Олсен е префрлен во болница, каде е ставен во индуцирана кома и е приклучен на респиратор.

„По зачестените шпекулации за тоа зошто Кристофер Олсон го нема, чувствуваме потреба да го издадеме ова соопштение. Овој 28-годишен репрезентативец на Шведска, на 20 февруари во својот дом ја загубил свеста и е префрлен во болницата во Архус, каде е задржан и ставен на респиратор. Тим на врвни дански лекари се обидуваат да ја постават вистинската дијагноза и да го започнат вистинскиот третман. Сите во клубот се погодени од ненадејната болест на Кристофер и сите даваат целосна поддршка за негово закрепнување“, стои во дел од соопштението на Мидтјиланд.

Олсон кој има 28 години, ја помина младинската школа на Арсенал, а во кариерата има играно за АИК, Краснодар и Андерлехт, за да во 2022 година се врати во Мидтјиланд.

Тој е репрезентативец на Шведска од 2017 година и има 47 настапи.

Поврзани новости