Шведската влада го преживеа гласањето за доверба со помош на поранешна курдска милитантка

by Fokus

Шведската влада го преживеа во вторникот гласањето со помош на пратеничка чиишто барања за поддршка на Курдите во северна Сирија може да ги компликуваат напорите на Стокхолм за придружување во НАТО.

Турција ги блокираше барањата на Шведска и Финска брзо да пристапат на Северотлантскиот воен блок, за што двете земји напуштајќи ја долгата политика на воена неутралност оправдување најдоа во руската офанзива во Украина. Анкара им забележува на двете земји за поддршка на курдските групации кои се на листите терористички организации, како и за нивните ембарга за извоз на оружје во Турција поради нејзината воена интервенција во северна Сирија, во областите населени главно со Курди.

Независната пратеничка во шведскиот парламент Аминех Какабавех, од курдско потекло, се воздржа од гласањето за предлогот на опозицијата од десниот центар против министерот за правосудство Морган Јохансон, поради порастот на организираниот криминал во земјата. Без нејзиниот глас, гласањето за гласање недоверба доби поддршка од 174 пратеници во парламентот од потребните 175.

Премиерката Магдалена Андерсон изјави дека нејзината социјалдемократска малцинска влада ќе поднесе оставка, доколку на министерот Јохансон му биде изгласана недоверба.

Шведска се соочува со раст на организираниот криминал последните години, а опозицијата за таквата состојба ја обвинува политиката на широко прифаќање на бегалците и слабата превенција на криминалот под водство на социјалдемократите. Годинава убиени се најмалку 30 луѓе, а Шведска претходно беше земја со најмалку смртоносни пукања по глава на жител, но во последните две децении се придружи на земјите со најмногу смртоносни пукања.

Какавабех, поранешен борец на крудските бунтовнички формации, за Reuters изјави во петокот дека ќе ѝ помогне на владата доколку таа потврди дека ги „поддржува Курдите и дека луѓето коишто од тие организации кои доаѓаат во Шведска не се терористи“.

Таа  ги критикуваше турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, бидејќи се спротистави на амбициите на Шведска да влезе во НАТО и дека вршел притисок врз Стокхолм да ги прилагоди шведската слобода на говорот и слободата на собирање на неговите барања.

 

Поврзани новости