Во пресрет на финалето на Евровизија кое ќе се одржи во сабота во Ливерпул, според обожувалниците, најголеми шанси за победа има Шведска, со претставничката Лорин и песната ,,Tattoo”.
Зад Шведска се наоѓаат Финска, Украина, Франција…
Од регионот, српскиот претставник Лук Блек е на 22-то место, а пак хрватските ,,Лет 3” се на 13-то место. Албанија е на последно, 26-то место, според досегашните резултати од обложувалниците.
Резултатите од обложувалниците можат да се следат на страницата https://eurovisionworld.com/odds/eurovision.
Синоќа се одржа и втората полуфинална вечер, во која беа избрани десет финалисти.
Во сабота ќе настапат вкупно 26 земји учеснички. Настанот ќе започне со настап на Австрија, а ќе заврши со настапот на Велика Британија
Вики Клинчарова