Шведска осуди поранешен ирански функционер на доживотен затвор

by Фокус

Суд во Шведска го осуди на доживотен затвор 81-годишниот Хамид Нури, поранешен функционер во Иран, поради наводно учество во масовни ликвидации и мачења на политичките противници во 1980-те години.

Нури беше уапсен на аеродромот во шведската престолнина Стокхолм во 2019 година, а обвинет е за воени злосторства и масовни ликвидации, како и измачувања на политичките затвореници во 1988 година сторени во затворот Гохардашт во северното предградие Караџа на околу 20 километри западно од иранската престолнина Техеран.

„Нури во соработка со други учествувал во ликвидации“, соопштил судот при изрекување на пресудата за „тешки злосторства според меѓународното право“.

Според шведските закони, судовите може да им судат на шведски и странски државјани за злосторства против меѓународното право сторени надвор од територијата на Шведска.

Нури ги отфрли сите обвиненија, а неговиот адвокат најави жалба.

Поврзани новости