Шведска очекувано победи на Евровизија!

by fokus

Победата на популарната музичка манифестација Евровизија 2023 ја однесе Шведска и Лорин со песната ,,Tattoo”.

На големото финале на 67-то издание на Евровизија кое се одржа вечерва во Ливерпул пред глобалната публика од 160 милиони гледачи се претставија 26 земји учеснички.
Настапија Австрија, Португалија, Швајцарија, Полска, Србија, Франција, Кипар, Шпанија, Шведска, Албанија, Италија, Естонија, Финска, Чешка, Австралија, Белгија, Ерменија, Молдавија, Украина, Норвешка, Германија, Литванија, Израел, Словенија, Хрватска и Велика Британија.

Уште при првото претставување на песните во јавност, според обложувалниците, фаворити беа Шведска, Финска и Украина.

Годинава, освен гласовите на публиката и жирито, новитет е што Евровизија се отвори кон целиот свет, па можеа да гласаат и земји кои не учествуваат, преку официјалната страница на Евровизија.

Според гласовите на националното жири Шведска освои најмногу поени, односно 340. Зад неа беа Израел со 177 поени и Италија со 176 поени. Од жири Албанија освои 17 гласа, Србија 14, а Хрватска 11 гласа.

Според гласовите од публика, кои беа одлучувачки, Шведска заврши на првото место, Финска зад неа, Израел на трето место, Италија на четврто, Норвешка на 5-то.

Од регионот, Хрватска заврши на 13-то место, Србија на 24-то и Албанија на 22-ро место.

Вики Клинчарова

Поврзани новости