391
Премиерот на Шведска, Улф Кристерсон го повика врховниот командант на шведските вооружени сили Микаел Бајден да помогне да се спречи порастот на убиствата поврзани со конфликтот меѓу криминалните банди.
Тие двајцата денеска ќе се сретнат со началникот на полицијата за да разговараат за улогата на војската, јавува Би-Би-Си.
Командантот Бајден за весникот „Дагенс нихетер“ изјави дека е подготвен да и помогне на полицијата.
Во Шведска овој месец во конфликт меѓу криминални групи загинаа 12 лица, што е најголем број од декември 2019 година, објавија локалните медиуми.