496
Шведска е на прагот да постави преседан во однос на јавното здравје, преседан кој ќе спаси десетици милиони животи на секој континент на Земјата. Развиената скандинавска земја со популација од нешто над 10 милиони жители наскоро ќе стане првата нација во светот која се откажала од цигарите.
И Европската мрежа за превенција на пушењето и на тутунот и Светската здравствена организација официјално за земја без пушачи ја сметаат земјата во која помалку од 5% од населението се пушачи. ЕУ им даде задача на сите зeмjи-членки да станат земји-непушачи до 2040 година, а најголем дел од нив ќе ја промашат таа цел.