Шведска и Финска мора да ни предадат 130 терористи ако сакаат во НАТО, вели Ердоган

by Fokus

Шведска и Финска мора да депортираат или екстрадираат до 130 „терористи“ во Турција, пред турскиот парламент да ја ратифицира нивната апликација за членство во НАТО, кажа претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Двете скандинавски држави минатата година аплицираа за членство во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина, но тоа мора да биде одобрено од сите 30 членки на алијансата. Ова досега не го направија само Турција и Унгарија.

Анкара кажа дека Шведска мора да заземе појасен став за тоа што го смета за терористи, алудирајќи првенствено на курдските милитанти и на групата која ја обвинува за обидот за државен удар во Турција во 2016.

„Им рековме, ако не ни ги предадете вашите терористи, никако не можеме да ја одобриме вашата апликација во парламентот. За да помине во парламентот, мора да ни предадете околу 130 терористи“, кажа Ердоган.

Финските политичари го протолкуваа барањето на Ердоган како лут одговор на инцидентот во Стокхолм минатата недела, каде што тој се соочи со мал протест. Турција потоа ја откажа посетата на спикерот на шведскиот парламент на Анкара, кој, место тоа, дојде во Хелсинки.

Портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин, неодамна изјави дека истекува времето за ратификација во турскиот парламент, зашто во мај треба да се одржат претседателски и парламентарни избори во Турција.

Поврзани новости