Синот на Арнолд Шварценегер, Џозеф Баена, откри дека неговиот татко одбил да го финансира кога дипломирал.
Арнолд го добил Џозеф со жена која работела во неговиот дом и која наводно била бремена во истото време, кога неговата сопруга Марија Шрајвер го очекувала нивното четврто дете.
Џозеф дознал кој е неговиот татко дури во 2011 година, кога неговата баба му објаснила сѐ, а оттогаш, според неговото признание, животот му се променил.
Тргнал по стапките на татко му, па станал актер и бодибилдер, но кога татко му престанал да го финансира по факултетот, тој се насочил кон недвижнините за да може да се издржува.
-Благодарен сум му на татко ми што ми помогна додека студирав. Но, кога тоа заврши, тој ми кажа понатаму одиш сам – рече Џозеф.
Тој се обидел да се занимава со глума, но тоа не му тргнало, па морал да тргне по друг пат.
-Ми требаше работа, не добивав улоги и немав како да заработам. Морав нешто да работам, па почнав да волонтирам во една агенција за недвижнини. Сакав да научам што е можно повеќе и да заработам пари. Но, потоа почнав да уживам во тоа и сфатив дека тоа го работам добро, така што добив лиценца – заклучи Џозеф.