433
Холивудскиот актер Арнолд Шварценегер изјави дека бил подготвен да се кандидира за претседател на САД, доколку има право на тоа и дека знае како да победи.
Според американскиот устав, американскиот претседател мора да е роден во САД. Тоа е пречка на патот до Белата куќа за Шварценегер, кој е роден во Австрија.
На прашањето дали би учествувал на изборите во 2024 година доколку не била уставната забрана, Шварценегер одговорил: „Па, да, се разбира“.
„Многу ми е јасно како би можел да победам на овие избори – додаде Шварценегер.
Шварценегер беше гувернер на Калифорнија.